Тим од нашето училиште престојуваше во Карабук,Турција преку Еразмус + проектот,, Растеме со екраните”
СРЕДБА НА ПРОЕКТНИ ТИМОВИ ВО КАРАБУК, ТУРЦИЈА, 9-14.2. 2020
ОРГАНИЗАТОР НА СРЕДБАТА: ПАРТНЕР УЧИЛИШТЕТО: Aydınlıkevler İlkokulu
“ЕКРАНИТЕ И ОБРАЗОВАНИЕТО”
Reunion/Karabük, Turquie/9-14.2.2020
Aydınlıkevler İlkokulu,Karabük, Turquie/9-14.2.2020
“Écrans et éducation, c’est compliqué”
Еразмус + проект /Партнерства помеѓу училишта
ПАРТНЕР УЧИЛИШТА:
Координатор на проектот:École communale mixte fondamentale d’Ouffet section de Warzée (Belgique)
Времетраење: 1.9.2019 до 31.8.2021
Лого на проектот
Слогани на проектот
* Технологијата напредува се побрзо и побрзо.
* Ајде заедно да се соочиме со овие нови технолошки предизвици!
*Не се екраните проблемот, туку нивна злоупотреба.
Шест држави, шест училишта, 233 наставници, 2900 ученици на возраст од 2,5 до 14 години се приклучија на овој амбициозен проект што се однесува на екраните.Телевизија, интернет, видео игри, “паметни” телефони се составен дел од животот на децата и нивните родители денес.
Нашата мотивација за проектот јa темелиме врз размислувањата на наставниците во училиштата партнери и состојбите со овој проблем во истите. Проектот планира активности како што се:
присуствo на конференции на различни теми во транснационалните средби, состаноци на тимови, соработка со образовни институции, како што се инспекторати и бироа, мобилности со ученици и наставници и активности на локално ниво со учениците и нивните родители.
Ние исто така ќе работиме на потенцирање на придобивките на користење на овие медиуми и мудро постапување со технологијата за комуникација. Продукти кои очекуваме да произлезат од работата на проектот се:
мал водич за децата и нивни родители и наставници кои можат да им помогнат кога имаат какви било прашања во врска со екраните: телевизија, игри, паметен телефон, таблет, интернет, социјални мрежи. Овој водич ќе обезбеди одговори на нивните прашања. Исто така ќе работиме на идеи за развивање на паметна апликација поврзана со целите на проектот, а која треба да биде заснована на научни студии, се со цел истата да биде позната на заедниците во кои функционираат нашите училишта, а и пошироко со цел поголем импакт и ширење на резултати на сите засегнати страни надвор од проектот.
Цели: