Трет ден од виртуелната мобилност на Еразмус + проектот “Kалеидоскоп” во организација на нашето училиште со почесни гости: Г-ѓа Марија Николова(Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците во рамки на МОН), г-ѓа Лоредана Паску(Аташе за културна и образовна соработка на Романската амбасада), претставници на Француската амбасада г-ѓа Љупка Димова(Аташе за јазична соработка при Француската амбасада) и г-дин Бранко Чобанов(Заменик директор на Француски институт).
Еразмус + проект /Партнерства помеѓу училишта
Проектот ‘’KALEIDOSCOPE’’ е проект кој е финасиран преку Програмата на Европската Комисија за образование, млади и спорт, во рамки на Erasmus + програмата за 2019 година под клучната акција 2 /КА 229-Стратешки партнерства во областа на училишно образование чија основна цел е размена на добри практики меѓу партнер училишта од Европа.
Партнери во проектот:
Координатор:College Général De Gaulle,Гвадалупе(Прекуморска Франција)
5. Sredno uchilishte “Nikola Vaptsarov” Р . Бугарија
Времетраење на проектот:1.9.2019 до 31.8.2021
Лого на проектот
Мултикултурата ја зголемува интеркултурната компетентност на учениците и наставниците и би можело позитивно да влијае на секојдневниот живот на вклучените училишта.
Основна цел на проектот е да се се зголеми интересот на учениците за други култури, други земји, да се подобри нивното познавање на животот и образованието на земјите партнери. Конечно, целта е да се промовира толеранција кон другите култури. Учествотото во проектот е единствениот начин за повеќето од нив да патуваат во странство со оглед на нивниот социјален статус и да бидат во контакт со други млади луѓе во Европа.
Исто така, би сакале да се обучуваме како наставници за нови иновативни практики наспроти тенденцијата на напуштање на училиштето или недостаток на мотивација на нашите ученици. Сето ова ќе ги зголеми нашите интеркултурни компетенции и позитивно ќе влијае на секојдневниот живот на училиштата кои се посветени на тоа како и на јакнење на самодовербата кај учениците и наставниците.
Цели на проектот:
Методологија
Нашите активности ќе им овозможат на сите наши учесници можности за социјална еманципација. Неповолните предрасуди (културни, социјални, идеолошки) ќе останат зад нив. Состаноците, тркалезните маси, работилниците и соработката ќе промовираат заеднички рефлексии во синергијата ипојавата на нови идеи и заеднички развој на адаптирани производи за подобро разбирање на реалностите. На вклучените наставници овој проект ќе ги им ги зајакне и прошири нивните знаења и педагошки практики што ќе им ги пренесат на колегите. Преку различни активности, учесниците ќе имаат многу можности да развијат низа одржливи вештини, вклучувајќи личен, професионален развој и соработка.
Наставниците ќе се стекнат со вештини и искуства за: нови/различни педагошки практики, тимска работа, користење на ИКТ како алатка за комуникација и обука – професионално збогатување преку откривање на други методологии.
Основни производи
Мултикултурен календар, ЦД-а, ДВД-а, видеа, слајд-шоу, блог и веб-страницa, филм, PPT, фотографии, e-книга, брошури и секако уметнички дела.