Еразмус + проект за партнерства помеѓу училишта
ПАРТНЕР УЧИЛИШТА:
Координатор на проектот:Координатор училиште -High School of IteaKarditsas Р. Грција
1.ООУ “Методи Митевски-Брицо” Лозово, Македонија
2.Sredno uchilishte “Nikola Vaptsarov” Bugarija
3.Escola Secundária Dr. Joaquim Gomes Ferreira Alves, Vila Nova de Gaia, Portugal
4.Istituto Comprensivo Bosa, Italy
Времетраење на проектот:1.9.2019 до 31.8.2021
Проектот ‘’Играј и учи за младоста’’е финасиран преку Програмата на Европската Унија за образование, млади и спорт, во рамки на Erasmus + програмата за 2019 година под клучната акција 2 /КА 229-Стратешки партнерства во областа на училишно образование чија основна цел е размена на добри практики меѓу партнер училишта од Европа.
Нашиот проект „Играј и учи за младоста“ ќе собере училишта од 5 земји кои ќе го стимулираат интересот научесниците за едукативно, културно збогатување на наставата заснована врз разновидност и разменана добри практики.
Официјалниот јазик на проектот ќе биде францускиот, но сепак решивме да ги охрабриме сите учесници да комуницираат на другите јазици на земјите партнери.
Точно е дека нашите ученици насекаде имаат заеднички потреби, но и недостаток на интерес за колективни игри и на креативност.
Очекуваме дека размената преку eTwinning образовната платформа, мобилностите со ученици и наставници ќе резултираат со ефективни продукти: уредување на музеј за играчки во секое училиште, снимање на видеоматеријал што ќе ги содржи песните и игрите кои се играле и пееле во секоја од земјите партнери. Предвидена е организација на Олимпијада за игри и фестивал на игри. Сето ова ќе ја зголеми вредноста и важноста на играта и почитување на правилата. Очекуваме дека играчките низ времето, старите традиционални игри ќе делуваат мотивирачки за нашите ученици бидејќи неопходноста на играта во образовниот амбиент е есенцијален фактор за когнитивен и социјален развој.Нашата цел е да се интегрира играта како вектор на учење и важен елемент на воспитно-образовниот процес.
Цели на проектот:
промоција на принципите на франкофонијата за универзални вредности кај младите;
Основни производи:
уредување на музеј на предмети, играчки кои служеле за игра на повозрасните и претходни генерации од секоја од земјите партнери;