EРАЗМУС  + ПРОЕКТ

САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА ЗА ОТВОРЕНИ СРЦА! СОЛИДАРНОСТ ЗА ЕДНАКВОСТ

ПРВА КРАТКОТРАЈНА РАЗМЕНА СО ГРУПИ УЧЕНИЦИ

ОЧИ ШИРОКО ЗАТВОРЕНИ

LICEUL TEHNOLOGIC “MIHAI EMINESCU” ДУМБРАВЕНИ, РОМАНИЈА

11-15 НОЕМВРИ 2019

ERASMUS + PROJECT KA229

“ONLY THE SKY IS THE LIMIT FOR OPEN HEARTS! SOLIDARITY FOR EQUALITY”

2019-1-RO01-KA229-063063_4

First short term exchange of groups of pupils-C1 “Eyes Wide Closed”

LICEUL TEHNOLOGIC “MIHAI EMINESCU”  DUMBRĂVENI , ROMANIA 

11TH – 15TH OF NOVEMBER 2019

 

ПРВ ДЕН

https://www.youtube.com/watch?v=F4utHICJhvc&feature=youtu.be&fbclid=IwAR2EZ3z7ekwo-visa-Y7M-1YyFibcNZf6ZXLkYiHduf1jtQqQD37UyHIHmE

ВТОР ДЕН

https://www.youtube.com/watch?v=YKvVKCklulk&feature=youtu.be&fbclid=IwAR2_1L4-Sxe-7cz_orvrHWcnfbi5iv34jc_oAt0uz9x5cmoR4oG2XILL6o8

ТРЕТ ДЕН

https://www.youtube.com/watch?v=cGr09o7UDNg&feature=youtu.be&fbclid=IwAR0Nik7L5y_lOXA3MZ4s3TIOsjQ-V2Pv7UGBQKeAIftnw1ARgR3HIGDMnns

ЧЕТВРТ ДЕН

https://www.youtube.com/watch?v=d_UG2lOKb50&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3jZ5E5C-_OU4qa32AkYwKIevVn_nOT9I3eG_lUo1E9rtomfR9Gencd_RE

ПЕТТИ ДЕН

https://www.youtube.com/watch?v=Y4a2wVLItDo&feature=youtu.be&fbclid=IwAR2ox8pLXxk9NU0nS1vNLveHcd6b2-IlQsXXsf9OU_ExtJZgRYoUrguGeDU

Еразмус + проект /Партнерства помеѓу училишта

ПАРТНЕР УЧИЛИШТА:

Координатор  на проектот:Liceul Tehnologic “Mihai Eminescu” Dumbraveni/Suceava, Romania

  1. OOУ “Методи Митевски-Брицо” Лозово, Македонија
  2. ООУ. “Кузман Јосифовски-Питу” Кичево, Македонија
  3. CPI SANTA LUCÍA, Morana, Spain
  4. Szkola Podstawowa nr 85, Gdansk, Poland
  5. Osnovna skola Belica, Cakovec, Croatiа

Времетраење:  1.9.2019  до  31.8.2021

  Лого на проектот                                             

                                                                                                                                                                                                           Слоган на проектот 

                                                                                                                                                                                                “Држете се заедно за ПРОГРЕС;

                                                                                                                                                                                                  Работете заедно за УСПЕХ”

ПроектотСамо небото е граница за отворени срца! Солидарност за еднаквосте финасиран преку Програмата на Европската Унија  за образование, млади и спорт во рамки на Erasmus +  програмата за  2019 година под клучната акција 2 /КА 229-Стратешки партнерства во областа на училишно образование чија основна цел е размена на добри практики меѓу училишта од Европа.

Мотивацијата за проектот потекнува токму од она што децата  го носат во срцата и  нивните емоции.Солидарноста вклучува развој на емпатија, толеранција, комуникациски и социјални вештини. Проектот е креиран со цел учениците да станат осетливи на различноста и нееднаквоста како општествен феномени вклучување на ученици со посебни образовни потреби, емоционални потешкотии или растат во  други социјални ранливи услови.

Сакаме да им  овозможиме на учениците да се дружат, да учат повеќе едни за други, да развиваат  вештини за емпатија, толеранција, комуникација, социјални и културни вештини.

Шесте училишта од Романија, Шпанија, Полска, Хрватска и Република Македонија, имаат за цел  да вклучат приближно 1000 учесници  од кои 150 директни учесници, ученицина возраст од 11-15 години во мобилности или транснационални активности на учење и поучување.

Во проектот  ќе учествуваат приближно 100 наставници (50 директни учесници вомобилности), 10 претставници на административен персонал, 250 родители, претставници на образовни институции, невладини, културни организации, други членови на локалната заедница со цел поголемо ширење на резултати од учењето и размена на искуствата.

Цели на проектот :

  1. Развој и унапредување на емоционалната зрелост, емоционална писменост и емпатија кај нашите ученици.
  2. Развивање доживотни вредности, а пред се вредноста на солидарноста (поголема чувствителност на проблемите со нееднаквоста меѓу луѓето и социјалната маргинализација, нивната заложба за социјално и образовно вклучување).
  3. Поттикнување на самодоверба кај младите – љубовта и почитта кон себеси се извор на кој било друг вид љубов и почит кон другиот.

4. Создавање позитивна училишна клима каде учениците ќе се грижат едни за други.

Долгорочни придобивки за учениците:

  • да станат свесни за потребата од изнаоѓање на решенија за проблемите со  нееднаквоста и различностите во нашето општество и на глобално  ниво, да учат за рзбивање на  предрасудите и стереотипите и да промовираат чувство на толеранција, емпатичност во училиштето и во општеството.
  • да ги направат свесни за локалните и глобалните проблеми и да ја потенцираат глобалната општествена одговорност.
  • да учат од примери за стекнување емотивни компетенции кои ја промовираат социо-емоционалната клима во училницата и во училиштето, со што се промовира и постигнуваат подобри резултати од учење и се стимулира социоемоционален развој.

Методологија:

а) Проектни состаноци: демонстративни предавања, презентации, работилници, предавања, тркалезни маси, следење и оценување на активности, пополнување на прашалници; on-line состаноци,

б) Активности за учење и поучување кои подразбираат мобилности за размена со групи ученици во партнер земјите: учење од искуства, следење на часови, работилници, работа во групи или парови, презентации, предавања, дискусии на тема состаноци, тркалезни маси, посети, разни уметнички активности, студии, следење и евалуација на активности, пополнување на прашалници , гејмификација како едукативен метод;

Oсновни крајни продукти:

  • веб-страна на проектот: материјали, фотографии, видеа, детален опис на добрите практики
  • е-книга со животни приказни (прикачена на веб-страната на проектот со слободен пристап до јавноста)
  • волонтерски клубови во секое партнер училиште
  • брошури и летоци

прирачник за емоционална писменост како дополнителна алатка за програма за психо-социјална интервенција и подобро социјално вклучување на учениците.