Историјат

Историјат

Училиште со традиција, раст и развој

ООУ ,,М.М.Брицо” од Лозово во воспитно образовниот процес функционира од далечната 1958 година и постигнува завидни резултати на општинско, државно и меѓународно ниво од сите области.

 Училиштето отсекогаш било и останува значаен фактор за човекот и неговата заедница. Од непроценливо значење е неговата улога во животот на современиот човек.

Долг и напорен е учителскиот позив, но и благороден. Секое зрнце семе посеано меѓу нашите воспитаници ‘рти, никнува и вродува плод.

 Веќе шеесет години го вградуваме нашето дело во основата и растот на нашето училиште. Ги воспитуваме и едуцираме нашите ученици да го следат нашиот пример и продолжат нашето дело. Годините се редат, успесите растат. Времето на транзицијата внесе промени и во воспитно-образовниот систем кои нашето училиште ги следи и имплементира во сите сегменти. Водени од ентузијазмот, како на вработените, така и на учениците, нашето училиште, чекор по чекор, прерасна во модерно училиште на современиот свет кое нуди подобро образование за подобро утре. Сите заедно докажавме дека знаеме да работиме, да сакаме и да бидеме среќни.

Во нашето училиште овозможуваме здрава клима за работа, учење, дружење и разбирање.

Сакаме на нашите ученици да им создадеме услови на правилен развој. Учениците да ги продлабочуваат своите знаења и вештини, како за општествените и природни науки така и за уметностите.