Мисија и визија

Нашата мисија

Да се поттикнува и негува слободата на мислење, взаемното почитување, толеранцијата и рамноправност на сите субјекти во училиштето.

Нашата мисија?

Во својата мисија училиштето ќе се грижи за развивање на силна внатрешна мотивација, натпреварувачки дух, иницијативност, иновативност, креативност и визионерство.Наша мисија е да ја развиваме свеста за правата и одговорностите, имајќи го во предвид еднаквиот третман кон сите ученици, без разлика на пол, нивната етничка припадност, социјален и материјален статус и националност.Пред нас имаме поставено обврска за создавање одржлива интеретничка интеграција во училиштето, односно негување на мултикултурното и мултиетничко разбирање, почитување и соживот, како и воспоставување на меѓуетничка - меѓучилишна соработка и одржување на истата како рефлексија на долгорочно постигнати цели на идејата за меѓусебно разбирање и почитување меѓу етникумите, културите, националностите.

НАШАТА ВИЗИЈА

Нашето училиште настојува да изгради заедничка визија со постојано охрабрување на членовите на колективот. Всушност неминовна е потребата од операционализирање на нашето работење, дефинирање на она што сме спремни да го направиме и секако да се најде соодветен начин како соработниците и околината да ја подржат промената и да се вклучат во нејзина успешна имплементација. Подобрувањето на работата на училиштето претставува обврска и одговорност на сите негови партиципиенти насочена кон подобрување на квалитетот на наставата и учењето.                           

“САКАМЕ УЧИЛИШТЕ КОЕ Е СОВРЕМЕНО, ЕФЕКТИВНО, АТРАКТИВНО И ПРИВЛЕЧНО, БЕЗБЕДНО, УРЕДНО, КВАЛИТЕТНО, ОТВОРЕНО.”

“САКАМЕ УЧИЛИШТЕ ВО КОЕ СЕ ЧУВСТВУВА ТОЛЕРАНЦИЈАТА И МЕЃУСЕБНО ПОЧИТУВАЊЕ”

нашата визија

МОТО:

“ДА СЕ УЧИ ЗА ДА СЕ ЗНАЕ,ДА СЕ ДРУЖИ ЗА ДА СЕ БИДЕ!”

СЛОГАНИ:

“УЧИЛИШТЕТО Е ХРАМ НА ЗНАЕЊЕ”

“ГРАДИМЕ МИР, ТОЛЕРАНЦИЈА И ДЕМОКРАТИЈА”

нашата визија

Наша визија  е остварување на надежта за  квалитетно  образование на  децата и младите кое  поттикнува соживот меѓу  различните националности и етничка припадност. Веруваме дека образованието значи  референтна рамка за  градење  на систем   на вредности кои  во себе   вклучуваат димензија на мултиетничка соработка и  толеранција.

За нашата европска ориентација

Една од целите на училиштето е да се мултиплицираат иницијативите за меѓународна соработка особено во рамки на програмите на Еврпската унија  и Европската  комисија на образование, млади и спорт.

Цврсто сме определни во определбата за  учество во програмата Erasmus+    и за интегрирање на активностите на европската соработка во  воспитно-образовната работа на училиштето.

Преку програмите на ЕУ, а особено преку програмата Еразмус +, Република Македонија ја дава својата поддршка на евроинтегративните процеси и нашата аспирација кон европска перспектива. Во исто време, нејзиното полноправно членство во Меѓународната организација на франкофонијата е мотив плус за промовирање на францускиот јазик и вредностите на Франкофонијата за млади. Овие програмски определби, се насочени кон унапредување на општеството во кое живее една личност, мобилност на идеи и работна сила.

Платформата e -Twinning ни е добро позната бидејќи веќе осум години сме дел од таа платформа, успешно соработуваме со нашите ученици  во неколку проекти за E twinning-платформата,  што исто така се означени со нашите 3 национални знаци за квалитет за проектите (La Boite Magique, Le Magazine, La Metaphore de l ‘amitie “).

E twinning е фундаментална образовна  платформа за стекнување на професионално искуство преку размена на образовни практики и вештини со други европски колеги, без разлика на која дисциплина тие припаѓаат. Неколкуте алатки и полиња за виртуелна соработка им отвораат безброј можности на учениицте и наставниците за креативност и размена на знаења и  добри  практики.

Ова е токму она што мислиме  дека ќе придонесе за  отворање  на нови перспективи во нашиот образовен систем.

Што се однесува до младите како суштински дел од оваа програма, најважната порака што е лансирана преку  е Твининг е промовирање на трајни вредности меѓу нив – пријателство, толеранција, соработка, мултикултурализам и образовната идеологија за европски културен млад граѓанин.

Сфаќајќи дека клучна алатка за демократизација и унапредување на едно општество е образованието, сметаме дека тоа е благородна мисија на вработените во образованието да го дадат својот придонес во таа насока.

Осум години ние сме дел од воспоставувањето и развивањето на систем на мрежи и партнерства помеѓу училиштата Европа. Во исто време успеавме успешно да учествуваме во проектите за е-Твининг со учениците и наставниците од други европски земји. Ние веруваме дека ова искуство може да биде одлучувачко во промовирањето на европската димензија во образованието и создавање на знаења и знаења на младите за европскиот модел на јазик и културна разновидност.

Нашето училиште беше промотор на овие програми и сето ова ќе придонесе за професионален развој на наставниците, промовирајќи пред се, употребата на ИКТ, учењето странски јазици и интересот за подобрување на педагошкиот пристап во образовниот процес. Ние ќе настојуваме максимално да ги насочуваме наставниците кон градење на односи и комплементарност помеѓу наставните програми и создавање претпоставки за запознавање со различни образовни системи. Всушност, процесот на комуникација и соработка помеѓу образовните институции од цела Европа бара сеопфатна промоција и поддршка за потребата од акумулирање на нови знаења, вештини и мултикултурни придобивки.

Да се биде дел од оваа акција значи споделување на нашиот ентузијазам со колегите и учениците во училиштата. Инспирација, настава креативност – тоа ќе биде нашите цели. Предизвикот да се промовираат овие вештини, како и мултикултура, солидарност и толеранција меѓу младите е наш основен мотив за учество во оваа мисија Еразмус.

Грант од програмата Еразмус+

Добивме грант од Програмата Еразмус + во 2017 година, под акција К2 од 2017 година / Партнерски стратегии во училишното образование / Соработка за иновации и размена на добри практики. - Број на проектот: N ° 2017-1-RO01-KA201-037385 Проектот е координиран од Националната агенција на Романија и координаторот на проектното училиште "Alexandru Cel Bun" од Бакау, Романија. Проектот започна во август 2017 година и ќе трае до август 2019 година.

Нашите партнери

Во моментов траат проектни активности со нашите партнери од:
1. Координатор - Романија - "Scuola Gimnaziala Alexandru Cel Bun", Бакау,
2. Бугарија - "Никола И .. Вапцаров" Хаџидимово, 3. Италија - Instituto Comprensivo di Bosa, Sardegna
4. Полска - Szkola Podstawowa Mikolaya Kopernika v Lazyne
5. ОУ. "Тодор Јанев", Чашка, Македонија

Проект

Назив на проектот:"L'amitie en partage" /"Sharing friendship" / "Споредено пријателство"
Во моментов неколку наши колеги активно работат на приклучување на нашето училиште кон проекти со партнер-училишта од Европа, со силна мотивираност да се успее во добивање на истите по поднесување на апликациите за повикот на Erasmus програмата за рокот во март 2019-та година.