Нашата галерија
Најдобариот начин за да добиете некоја претстава за нас е да ја разгледате нашата галерија. Тоа може да го направите со клик на копчето подолу.










Previous
Next
Најдобариот начин за да добиете некоја претстава за нас е да ја разгледате нашата галерија. Тоа може да го направите со клик на копчето подолу.
ООУ ,,М.М.Брицо” од Лозово во воспитно образовниот процес функционира од далечната 1958 година и постигнува завидни резултати на општинско, државно и меѓународно ниво од сите области.
Училиштето отсекогаш било и останува значаен фактор за човекот и неговата заедница. Од непроценливо значење е неговата улога во животот на современиот човек.
Долг и напорен е учителскиот позив, но и благороден. Секое зрнце семе посеано меѓу нашите воспитаници ‘рти, никнува и вродува плод.
Веќе шеесет години го вградуваме нашето дело во основата и растот на нашето училиште. Ги воспитуваме и едуцираме нашите ученици да го следат нашиот пример и продолжат нашето дело. Годините се редат, успесите растат.
На 21.12.2018-та година, во нашето училиште се одвиваше настанот “Талентот во нас”, кој е во функција на поттикнување и афирмирање на посебните интереси, способности, креативноста и талентираноста кај учениците.
паралелки
ученици
наставници
Стручни соработници
Наша визија е остварување на надежта за квалитетно образование на децата и младите кое поттикнува соживот меѓу различните националности и етничка припадност. Веруваме дека образованието значи референтна рамка за градење на систем на вредности кои во себе вклучуваат димензија на мултиетничка соработка и толеранција.
МОТО:
СЛОГАНИ:
Нашето училиште настојува да изгради заедничка визија со постојано охрабрување на членовите на колективот. Всушност неминовна е потребата од операционализирање на нашето работење, дефинирање на она што сме спремни да го направиме и секако да се најде соодветен начин како соработниците и околината да ја подржат промената и да се вклучат во нејзина успешна имплементација. Подобрувањето на работата на училиштето претставува обврска и одговорност на сите негови партиципиенти насочена кон подобрување на квалитетот на наставата и учењето.
Во својата мисија училиштето ќе се грижи за развивање на силна внатрешна мотивација, натпреварувачки дух, иницијативност, иновативност, креативност и визионерство. Наша мисија е да ја развиваме свеста за правата и одговорностите, имајќи го во предвид еднаквиот третман кон сите ученици, без разлика на пол, нивната етничка припадност, социјален и материјален статус и националност.
Да се поттикнува и негува слободата на мислење, взаемното почитување, толеранцијата и рамноправност на сите субјекти во училиштето.
Посетете не!
ул.Маршал Тито бб, Лозово, Македонија
Повикајте не!
+389 (32) 458 005
fax:+389 (32) 458 996
Контактирајте не!