За нас

За нас

Ако сакаш да научиш нешто повеќе за нас, тогаш ти си на вистинското место.

aaaaa

asadsadsafsafsfdf

За нас

Основното училиште “Методи Митевски-Брицо” е единственото основно училиште во општина Лозово. Лозово е мала општина во источниот регион на Република Македонија. Со општината раководи г-динот Бошко Цветковски , градоначалник избран на локалните избори во октомври 2021-та година. Локалната заедница има околу 2800 жители. Етничката структура на населението е сочинета од: мнозинство македонци, потоа малцинства од турци, власи, срби. Земјоделството е нивна неопходна и приоритетна дејност. Централното училиште се наоѓа во источниот дел на Македонија на регионалниот пат Скопје-Велес-Штип, на оддалеченост од 10 минути од Велес и 15 минути од Свети Николе. Етничката структура на ученици е сочинета од мнозинство македонци и малцинство од ученици од турска припадност. Воспитно - образовниот процес во ООУ „Методи Митевски -Брицо“ се одвива во едно централно училиште во Лозово од I до IX–то одделение и четири подрачни училиштa во селата:Дорфулија, Каратманово, Милино, Сарамзалино каде наставата се одвива само од од I до V одделение. Училишната зграда во централното училиште е на еден кат и приземје со подруми и оддел за канцеларии, додека подрачните училишта се на приземје со по две до четири училници и оддели за канцеларии. Зградата на централно училиште и подрачните училишта во с. Дорфулија, Каратманово и Милино се опремени се централно парно греење. Во моментов училиштето располага со два отворени спортски терени –игралишта во централното училиште и отворени спортски игралишта во подрачните училишта. Училиштето располага со наставни средства за непречено реализирање нa наставата, меѓутоа секогаш е потребно зголемување на постоечкиот фонд заради поуспешно и поквалитетно изведување на наставата. Училиштето располага со: графоскоп, ТВ-приемници, ЛЦД – проектори и платна за проектирање, компјутери за секое дете во секоја училница, преносни компјутери за наставници, печатачи-ласерски со скенер и фотокопир, фотокопири, фотоапарат, нагледни средства за наставата по ФЗО, техничко образование, хемија, физика,.....и тн. Во оваа учебна 2022/2023-та година со воспитно-образовниот процес во училиштето се опфатени 202 ученици од реонот на општина Лозово.