
"Првата помош спасува живот"
Денес во нашето училиште се одржа обука за учениците од осмо и деветто одделение од страна на претседателот, д-р Љупчо Арсов и секретарот на општинската организација на Црвениот крст од Свети Николе, г. Ѓорги Гилев. Обуката е во рамки на националната кампања за прва помош под мотото “Првата помош спасува живот” со која е предвидено да се спроведат обуки по прва помош за 25000 деца од основни и средни училишта во целата земја. На овaa обукa учениците имаат можност да стекнат основни знаења за укажување на прва помош како брза и витална интервенција чија цел е да се спаси човечки живот, но и да се намалат компликациите од настанати повреди и инвалидитет.
Опремување на кабинет
ООУ “Методи Митевски-Брицо” Лозово опреми кабинет по музичко образование со интерактивен панел во подрумските простории.
Ликовен и литературен конкурс по повод месецот на книгата

Детска недела 2022
Оглас за пријавување на кандидати за избор на првенец на генерацијата 2011-2020година
Оглас за запишување на деца-обврзници во прво одделение за учебната 2020/2021 година
Важно известување!
Почитувани ученици, родители и колеги,
Ве известуваме дека на денешната 15-та редовна седница на Владата на Република Северна Македонијакоја се однесуваше на донесување и заострување на мерки и активности за превенција од ширење на корона вирусот меѓу другитее донесен и следниот заклучок:
да се прекине со воспитно – образовниот процес и настава во сите детски градинки, основни и средни училишта и високо– образовни установи и во јавните научни институти на територијата на Република Северна Македонија во наредните 14 денa, а вработените лица во овие институции да бидат ослободени од работа во овој период.
Според горенаведената препорака, Министерството за образование и наука, согласно одредбите од Законот за основното образование се задолжува да ја организира наставата согласно законските прописи за деновите кои нема да се работат.
Златно славејче
ПОКАНА
Почитувани, ООУ „Методи Митевски – Брицо“ Лозово, Ве поканува на ОТВОРЕНИОТ ДЕН ПО ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ, кој ќе се одржи на ден 22.10.2019 година (вторник), со почеток во 09:30 часот.
АГЕНДА: 22.10.2019 година (Вторник)
9:30-9:45 – Прием на гости
9:45-10:00 – Обраќање на Директорот на ООУ „Методи Митевски – Брицо“ Лозово
10:00 – 11:00 – Ученички парламент (презентација на кандидатите за претседател на УЗ, прашања, гласање). Место на реализација: училишен хол, училница бр.1
11:00 – 12:30 – Ликовна работилница на тема: Како сакам да изгледа моето училиште. Училница бр.2, бр.3, бр.4-приземје, училница бр.5, бр.6-прв кат.
11:15 – 11:45 – Европски вредности – Дебата ( ученици и градоначалник). Место на реализација: училишен хол.
12:00 – 12:30 – Презентација на ученички предлози. Дебата (ученици-народен правобранител). Место на реализација: училишен хол.
12:30- 12:45 – Хуманитарна акција.
12:50 – 13:20 – Ликовна и литературна изложба на тема: Како сакам да изгледа моето училиште. Училница бр.2, бр.3, бр.4-приземје, училница бр.5, бр.6-прв кат.
13:30 – 14:00 – Еколошка акција ( засадување на цвеќиња, дрвца и др. во училишниот двор).
14:10 – 14:30 – Соопштување на резултатите од гласањето за избор на претседател на УЗ од страна на Комисијата и обраќање на новоизбраниот претседател на УЗ.
Се надеваме дека нашата програма ќе го привлече вашето внимание и ќе присуствувате на нашиот ОТВОРЕН ДЕН ПО ГРАЃАНСКО ОБРАЗОВАНИЕ
Директор
Горанче Велков
Отворен ден за родители
Почитувани родители, Ве известуваме дека во училиштето ќе се организира отворен ден за средби со наставниците каде ќе имате можност да добиете поконкретни информации за постигањата на вашето дете по одделни наставни предмети и напредувањето во неговиот севкупен развој. Термин за отворен ден: СЕКОЈ ПРВ ЧЕТВРТОК ВО МЕСЕЦОТ ВО ВРЕМЕ ОД 14-16 часот.ПРВИОТ ТЕРМИН ЗА ОТВОРЕН ДЕН Е 3.10.2019 година
ОСВЕЖУВАЧКИ КУРС ПО ПРВА ПОМОШ ЗА КАДАРОТ НА УЧИЛИШТЕТО
Со цел подигнување на степенот на грижа за здравјето и безбедноста во училиштето во соработка со Црвен крст и доктор по општа медицина од ЈЗУ. Здравстевн дом "Др. Ѓорги Гаврилски" од Свети Николе, организиравме еднодневно предавање и симулација на вежби за укажување на прва помош.Воедно, одговорни наставници ќе се стекнат со лиценца за укажување прва помош со што се зајакнува превентивната компонента на безбедност и грижа за здравјето во училиштето.
На вашите ученици им посакуваме среќен почеток на учебната година и многу успех во целокупниот развој во текот на основното образование.
Со почит,
Директор:Горанче Велков
ЗАБАВЕН КВИЗ НА ЗНАЕЊЕ ЗА КРАЈОТ НА НАСТАВНАТА 2018/19 година
Наставната 2018/19 година ја завршивме со забавно- натпреварувачки квиз на знаење од наставните предметите кои според наставните програми ги изучуваат учениците од V-то до VIII-мо одделение. Учествуваа 6 тимови од по 7 ученици од централното и подрачните училишта, а најдобро постигнување имаше тимот “Умни глави”(Фидан Мемедова V, Матеј Ангелов V, Леон Ристовски VI-1, Рафаела Величкова VI-2, Вилијам Јосифов VII-1, Ана Јосифовска VII-2 и Леонардо Стојанов VIII-мо одделение.). На ученииците од најдобриот тим им беа врачени пофалници и скромни награди.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ДЕЦА
ОБВРЗНИЦИ ОД РЕОНОТ НА ООУ.”МЕТОДИ МИТЕВСКИ-БРИЦО” ЛОЗОВО
за учебната 2019/20-та година
Почитувани родители, ООУ.”Методи Митевски-Брицо”Лозово,Ве известува дека ќе врши запишување на деца обврзници од реонот на Општина Лозово за прво одделение за учебната 2019/2020-та година, а кои се родени во календарската 2013-та година(од 01.01.2013-31.12.2013) како и деца кои се родени најдоцна до 31.01.2014-та година (Согласно одредбите од Законот за Основно образование на Р.Македонија во вториот случај е потребно потпишување на согласности и од двајцата родители на детето).
Запишувањето ќе се врши во периодот од 6.5.2019 до 14.5.2019 година по следниот распоред:
Датуми | Централно/Подрачно училиште | Време |
6.5. и 7.5.2019 год. (понеделник и вторник) | Лозово | од 08:00 до 12:00 ч. |
8.5. и 9.5.2019 год. (среда и четврток) | с. Дорфулија | од 08:00 до 12: 00 ч. |
10.5.2019 год.(петок) | с. Каратманово | од 08:00 ч. |
13.5.2019 год. (понеделник) | с. Сарамзалино | од 07:30 до 12:00 ч |
14.5.2019 год. (вторник) | с. Милино | од 08:00 до 12:00 ч |
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ДЕТЕТО
При уписот на детето родителот со себе треба да ги понесе следниве потребни документи:Лични карти од двајцата родители (на увид- без фотокопии)
- Извод од матична книга на родените за детето што ќе се запишува (оригинал или фотокопија)
- Потврда од матичен лекар за здравствена состојба на детето (потврда за здравствена и психофизичка подготвеност на детето за поаѓање во училиште).
- Потврда за извршена имунизација(за сите примени вакцини)
- Потврда за поаѓање во училиште од стоматолог.
Напомена: Со детето на денот на запишувањето треба да биде присутен барем
еден од родителите. Ве молиме да се придржувате до времето кое е погоре наведено.
Со почит,