Календар за организација на учебната 2023-24
Празници-неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија:
Календарот за работа на училиштето го донесува Министерот за образование и истиот Министерството за образование и наука го објавува во Службен весник.
Со овој календар се утврдува организирањето на учебната година во основните училишта согласнo програмските целини во наставната година.
Врз основа на член 52 став 3 од Законот за основно образование („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/19,од 5.8.2019 година, министерот за образование и наука, донесува Календар за организација на учебната 2023/24-та година.
- Учебната година започнува на 1-ви септември 2023-та година, а завршува на 31-ти август 2024-та год.
- Наставната година започнува на 1-ви септември 2023-та година и завршува на 17-ти јуни 2024-та год.
- Наставната година ја сочинуваат 2 полугодија
- Првото полугодие започнува на 1-ви септември 2023-та година и завршува на 29–ти декември 2023-та год.
- Второто полугодие започнува на 22-ри јануари 2024-та година и завршува на 17-ти јуни 2024-та год.
Согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ број 21/98 и 18/07) во 2023/2024- та година неработни денови во нашето училиште се:
- 8 Септември (петок) – Денот на независноста на Р.Северна. Македонија – неработен ден
- 11 Октомври (среда)-Денот на народното востание – неработен ден
- 23 Октомври(понеделник)-Ден на македонската револуционерна борба – неработен ден
- 8 Декември(петок) – Св. Климент Охридски – неработен ден
- 10 Април (среда) – Рамазан Бајрам – неработен ден
- 12 Април (петок) – Патронен празник на училиштето
- 29 Април до 5 Мај – Пролетен распуст
- 6 Мај (понеделник) – Втор ден Велигден – неработен ден
- 24 Мај (петок) – Денот на словенските просветители “ Св.Кирил и Методиј ” – неработен ден
Одбележувањето на значајните датуми ќе се реализира со читање реферати и соопштенија, уредување на училишниот хол, организирање на прослави, приредби, хепенинзи, базари, настани од хуманитарен карактер, собирни акции, еколошки активности во училиштето и локалната средина.