Изборна настава

Изборната настава се нуди во училиштето со цел да им се овозможи на учениците да ги прошират своите знаења и да ги развијат индивидуалните способности по одредени предмети. Со воведувањето на новата концепција во образованието, се става акцент на потребите и интересите на учениците од најрана возраст со цел изразување на нивната индивидуалност и афинитети кон одредена група на предмети. Изборните предмети се бираат преку однапред одредена процедура, во која е вклучено анкетирање на родителите.

Изборни предмети кои ќе се изучуваат во учебната 2023/24 година се следните:

Во посебна листа на изборни предмети спаѓаат таканаречените Слободни изборни предмети, според новата Концепција за основно образование и воспитание. Во прво одделение слободниот изборен предмет се реализира во форма на слободни активности што ги води одделенскиот наставник задолжен за паралелката во договор со учениците. Во времето предвидено за слободниот изборен предмет, секој ученик се поттикнува самиот да избере што сака да прави како дополнување на она што е веќе учено во текот на денот/неделата и/или целата паралелка да избере заедничка активноста како поддршка на личниот и социјалниот развој на учениците (на пример, една од повеќе понудени работилници од Образование за животни вештини). Слободните изборни предмети се планираат исклучиво околу очекуваните резултати од учењето кои директно произлегуваат од конкретни компетенции од Националните стандарди. Се реализираат преку најразлични активности кои се базираат исклучиво на интерактивно поучување и активно учење кои сите вклучени ученици ги доживуваат како интересни и забавни. Една од битните цели на слободните изборни предмети е на учениците да им се даде можност да ги откријат своите „силни страни“ и вештини коишто не можат да бидат видливи на другите часови и со тоа да се афирмираат пред своите соученици. Се очекува дека тоа ќе развива позитивен став на учениците кон училиштето и ќе ги мотивира за повисоки постигања во задолжителните наставни предмети.

На учениците од вториот и третиот период на основното образование (IV-IXодд.) им се нуди да избираат од четири категории слободни изборни предмети:

 

  • изборни предмети за проширување/продлабочување на знаењата од задолжителните наставни предмети (пример: математичко-логичко резонирање, програмирање, сликање /цртање/вајарство, класична култура),
  • изборни предмети за поддршка на интереси на учениците кои не се дел од наставните предмети (пример: фотографија, градинарство/хортикултура, театарски работилници, танцување, готвење, резбарство, моделарство),
  • изборни предмети за поддршка на личниот и социјалниот развој на учениците (пример: образование за животни вештини, мултикултурни работилници),
  • изборни предмети од спортско-рекреативен карактер (пример: фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, пинг-понг, јога, пилатес)

 

 Неделниот фонд на часови по изборен предмет во одделенска настава изнесува 1 час за одделенска настава, а за предметна, изнесува 2 часа. Ученикот од исто одделение може да избере најмногу еден предмет. Изборот на предмети беше направен по пат на анкетирање на учениците со почитување на приватноста на истите, по пат на тајно изјаснување.