Нашето училиште
За Нас
Основното училиште “Методи Митевски-Брицо” Лозово е единственото основно училиште во општина Лозово. Лозово е мала општина сместена на преминот од централниот кон источниот регион на Република Македонија во срцето на Овчеполието. Етничката структура на населението ја чинат мнозинство Македонци и малцинства од: Турци, Власи и Бошњаци. Земјоделството е нивна приоритетна дејност. Исто така многу млади жители на Лозово ја наоѓаат својата егзистенција во индустриските капацитети сместени во блиските индустриски зони. Нашето училиште се наоѓа во населеното место Лозово низ кој поминува регионалниот пат Велес-Штип, на оддалеченост од 15 км од Велес , 20 км од Свети Николе и 30 км од Штип.
Воспитно – образовниот процес во ООУ „Методи Митевски – Брицо“ се одвива во една смена во централно училиште во Лозово од I до IX–то одделение и четирите подрачни училиштa во селата: Дорфулија, Каратманово, Милино и Сарамзалино каде наставата се одвива само од од I до V одделение. Училишната зграда во централното училиште е на еден кат и приземје со подруми и оддел за канцеларии, додека подрачните училишта се на приземје со по две до пет училници и оддели за канцеларии. Зградата на централно училиште и подрачните училишта во с. Дорфулија, Каратманово и Милино се опремени со централно парно греење. Иако училишните згради се стари повеќе од 60 години во нив постојано се вложува и инвестира за подобрување и осовременување на квалитетот на настава. Во 2021 година централното училиште доби нова современа спортска сала.
Наредната, 2022 година беа инсталирани интерактивни панели, како замена за зелените табли во сите училници од предметна настава, додека сите училници од одделенска настава вклучително и подрачните училишта добија електронски табли со современ софтвер за настава, а наставниците беа опремени со нови преносни компјутери. Кабинетите по природни науки, биологија, хемија, физика, географија се опремени со нови наставни и нагледни средства, додека кабинетот по биологија и хемија доби целосен нов изглед со нов инвентар и средства за работа. Во 2023 година во соработа со Мировниот корпус и сопствени средства училиштето доби нова современа библиотека со читална и медиатека.
НАШАТА ВИЗИЈА
Нашето училиште настојува да изгради заедничка визија со постојано охрабрување на членовите на колективот. Всушност неминовна е потребата од операционализирање на нашето работење, дефинирање на она што сме спремни да го направиме и секако да се најде соодветен начин како соработниците и околината да ја подржат промената и да се вклучат во нејзина успешна имплементација
Нашата мисија?
Во својата мисија училиштето ќе се грижи за развивање на силна внатрешна мотивација, натпреварувачки дух, иницијативност, иновативност, креативност и визионерство. Наша мисија е да ја развиваме свеста за правата и одговорностите, имајќи го во предвид еднаквиот третман кон сите ученици, без разлика на пол, нивната етничка припадност, социјален и материјален статус и националност.
За историјатот на училиштето
Во чест на Димитар Михаиловски, ученик од првата генерација, поранешен наставник и поранешен директор на училиштето
Lorem ipsum dolor sit amet, consectetur adipiscing elit. Ut elit tellus, luctus nec ullamcorper mattis, pulvinar dapibus leo.