Peace Corps

Нов изглед – нова модерна библиотека / (New Look to a Modern New Library)

Проектот “New look to a new modern library” е имплементиран  со финансиска поддршка на USAID и Peace Corps во рамки на  програмата за мали грантови – SPA Macedoniа (Small project assistance) – Грантови за помош на мали проекти

ООУ “МЕТОДИ МИТЕВСКИ – БРИЦО” ЛОЗОВО има супер модерна, современа библиотека. Со  добро разработена проектна идеја, со многу труд, знаење,  професионализам, посветеност, истрајност, трпение, со тимска работа, со примена на сето искуство, она што сме го научиле досега  и со поддршка од  Мировниот корпус и нивниот волонтер во нашето училиште  Judith Aguayo, како и УСАИД  успеавме да го финализираме овој проект со свечено  отворање на нашиот најубав училишен простор. Како надополнување на овој проект изградивме систем за електронска библиотека, единствен од таков вид кај нас. Сега имаме и Е-библиотека. 

Нашата цел беше да создадеме библиотечен простор кој ќе биде функционален, но и визуелно атрактивен, креативен и стимулирачки за корисниците и со добро организиран библиотечен материјал. Новиот естетски изглед ќе придонесе корисниците (учениците и наставниците) да поминуваат повеќе време во него, да ги поттикне повеќе да го користат библиотечниот фонд и да стекнуваат поголема навика за читање и истражување. 

Сакаме библиотека која ќе биде извор на информации и знаење, поддршка за сите наставни и воннаставни активности на училиштето, место за читање, учење, но и релаксација и поминување на слободното време.

Нашата цел беше да создадеме атрактивен простор – модерна училишна библиотека-медиатека-читална која ќе претставува интелектуален, информативен и културен центар. Не само што ќе служи како место за релаксирање и читање книги, туку  библиотеката со читална ќе може да  ја резервира наставник или стручен соработник  за да се одржат најразлини наставни и воннаставни активности: промоции на книги и училишни списанија, проекции на филмови и видео, средби и разговори со уметници – автори на книги, обуки, предавања, изложби, квизови и натпревари во знаење, одбележување значајни датуми, избор на најчитани книги и најдобри читатели, драмски (театарски) работилници.

Учениците ќе можат да истражуваат мултимедијални содржини, како што се видеа, образовен софтвер и интерактивни презентации, кои можат да понудат алтернативни модалитети  и  различни стилови на учење. Сметаме дека атрактивноста на новиот  модерен изглед  на библиотека во училиште од рурална средина и добрата опрема и ресурси можат да придонесат за поттикнување и развивање на важни когнитивни и психосоцијлни вештини кај учениците.

 

28.12.2023 година- Свечено отворање на нашата нова библиотека                        

https://www.facebook.com/metodi.mitevskibrico.5/videos/941977523998696?locale=sr_RS

https://www.facebook.com/reel/1089350905594469