EU Programme: Erasmus + Programme

Европските образовни програми- Европска комисија за Образование, млади и спорт

Зошто Erasmus + ?

  • Еразмус + образовните програми се темелат на идејата дека  вложувањето во образованието и обуката се клучни за развивање на потенцијалите кај младите и за  стимулирање на амбициозноста кај  наставниците, отворање нови хоризонти за нивниот професионален  развој
  • Еразмус+ има за цел подигнување на квалитетот и важноста на квалификациите и вештините како кај учениците така и кај воспитно-образовниот кадар, создавање можности и создавање нови  погледи
  • Еrasmus+ програмите се фокусирани на :
  • еднаквоста и инклузијата
  • шанса за секого, можности за секого со поддршка според потребите
  • пред да судиме, да се запознаеме
  • образованието на младите ја има клучната улога  во  градење капацитети за  толеранција , прифаќање на различностите, чувство за  почит меѓу младите, со цел да се   изградат во зрели и  општествено одговорни личности
  • ги охрабруваат учениците за градење перцепција на нештата и појавите од друг агол, од поинаква перспектива и им помагаат да носат издржани одлуки во животот