Додатна настава
Додатна настава се организира за учениците кои постигнуваат значителни резултати, покажуваат посебен интерес за проширување и продлабочување на знаењата за одделни наставни предмети, одделна тема/област од наставен предмет. Од таму по својата суштина и функција додатната настава претставува организирана грижа и работа со ученици кои покажуваат високи постигнувања и за надарени ученици. Наставникот ја планира додатната настава со еден час неделно за наставен предмет во одредено одделение во текот на целата учебна година. Додатната настава ученикот ја следи во текот на целата учебна година или повремено во договор со наставникот, а по одлука на ученикот и во соработка со родителот, односно старателот. Додатната настава се организира во мали групи со најмногу до десет ученици од иста паралелка или различни паралелки од исто одделение.
За реализација на додатната настава наставникот: ги идентификува учениците, изготвува програма за додатна настава согласно интересите на ученикот, ја реализира програмата и го следи и напредокот на ученикот.
Организирањето и реализацијата на додатна настава се одвива според изготвен распоред за секој предмет одделно. Распоредот се објавува на огласната табла и на веб страната на училиштето на месечно ниво.