По повод патрониот празник на ООУ „Даме Груев“ од с. Ерџелија се одржа ликовен натпревар на кој учествуваа ученици од: ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Свети Кирил и Методиј“ од Свети Николе, ООУ „Даме Груев“ од с.Ерџелија
и ООУ „Методи Митевски – Брицо“ Лозово. Нашето училиште го претставуваа ученичките Лара Гочевски и Ангела Јованова под менторство на наставникот по ликовно образование Бојан Тосевски. Ликовната творба на Ангела беше наградена со второ место.

