Воннаставни активности

Воннаставните активности во современата настава претставуваат многу значаен сегмент од севкупната воспитно-образовна дејност.

Во ООУ „Методи Митевски – Брицо“ Лозово се планираат и реализираат разновидни воннаставни активности кои произлегуваат од потребите, интересите и можностите на учениците. 

Воннаставните активности се организираат во согласност со Националите стандарди за постигнувања, а со цел поддршка на личниот, социјалниот и културниот живот на учениците.

Учениците самостојно одбираат во кои активности, надвор од редовната настава ќе се вклучат и ќе ги развиваат своите афинитети, знаења, вештини, ставови.

Во рамки на подрачјето ВОННАСТАВНИ активности, според Новата наставна концепција од БРО, припаѓаат следниве подрачја:

  • Слободни ученички активности
  • Општествено-корисна работа
  • Активности во заедницата
  • Ученички екскурзии, настава во природа/истражувачка настава
  • Ученички натпревари
  • Културно одбележување на пригодни датуми / Приредби 
  • Учество во проекти



  • Училишни спортски клубови 

 

(фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, шах, пинг-понг, летен камп (логорување) и зимски камп (скијање/зимување).

Наставниците по предметот ФЗО нудат поддршка на сите ученици кои имаат афинитети да спортуваат.

 

  • Секции – клубови

 

(драмска секција, литературна секција, секција по англиски и француски јазик, секција по физика, хемија, биологија, историја, противпожарна секција, (хор и оркестар), ликовна секција, секција за модерни танци и народни ора и др).

 

Секции се организираат за ученици кои пројавуваат особен интерес по конкретен предмет и имаат потреба од дополнителни информации, експериментирање, истражување, надградување.

Со секциите раководат соодветни предметни и одделенски наставници.

 

  •  Активности во соработка со заедницата

 

Изложбено-продажни базари (по некој повод), хепенинзи, хуманитарни акции, предавања од областа на здравјето (во соработка со здравствени установи), предавања од областа на безбедноста ( во соработка со МВР) и тн.



  • Ученички екскурзии

 

Ученичките екскурзии се организираат согласно Правилникот за организирање екскурзии, предложен од МОН и тоа за учениците од III, VI и IX одделение.

Во ООУ „Методи Митевски – Брицо“  Лозово се организираат и други облици на зајакнување на социјалната кохерентност помеѓу учениците / учениците со наставниците, како што се: еднодневни излети, пролетен и есенски крос, летен камп, посета на лизгалиште, планинарење, логорување и сл.

 

  • Ученички натпревари

 

За учениците кои особено се истакнуваат во одредена наставно-научна област се организира поддршка за учество во сите нивоа на натпреварување, почнувајќи од: училишен, општински, регионален, државен и меѓународен натпревар.



  • Културно-уметничо одбележување на пригодни датуми/ Приредби 

 

По повод некои позначајни датуми се организираат: ликовни и литературни конкурси, литературни читања, презентации.

Учениците и наставниците подготвуваат свечени приредби по повод: Детска недела (прием на првачињата во Детската организација), Нова година, 8 Март, патронат на училиштето и друго.