Секцијата „Мали Креативци“ од Лозово

Денес учениците од прво, второ и трето одделение во рамки на секцијата „Мали Креативци“ од Лозово ја покажаа својата неверојатна креативност и вештини! 👏 Тие изработуваа мозаик од природни материјали и колаж од семиња, создавајќи уникатни уметнички дела кои ја истакнуваат нивната фантазија и труд. 🌱🎨
Со користење на разни семиња, житарици и природни материјали, нашите мали уметници создадоа вистински ремек-дела! Секој мозаик беше посебен, полн со боја, љубов и креативност.
Браво за нашите најмлади и најкреативни членови! ❤
Сподели на:

Други настани