Учениците од V одделение од нашето подрачно училиште во с. Дорфулија денес беа во посета на ПЗУ “Вивамед”, стоматолошката ординација “Ројалдент” и аптека “Маринела” од Лозово, каде што се запознаа со работата на овие здравствени установи, улогата на здравствените работници и значењето на примарната здравствена заштита. Посетата беше реализирана во рамки на активностите за професионална ориентација на учениците. Упатуваме искрена благодарност до вработените за топлиот пречек, издвоеното време и корисните информации.
