Учениците од прво, второ и трето одделение од ПУ во с. Милино направија нешто навистина значајно денес. Испратија важни пораки по повод Меѓународниот
ден на лицата со попреченост. Учеа за вредности како: добрина, прифаќање и разбирање и дека секое дете заслужува свое место во играта, училиштето и светот. Учениците учеа и за најважната животна лекција: Кога постои добрина во нашите срца, светот станува подобро и потопло место за сите нас”
